Кина и Русија заедно ќе им конкурираат на Boeing и Airbus

china-russia-plane.png

Кина и Русија стартуваа амбициозен план за развој на голем патнички авион за да им конкурираат на Boeing и на Airbus и тоа само две недели по полетувањето на првиот кинески голем патнички авион.

Кинеската државна компанија Commercil Aircraft Corporatio of China (Comac)  и руската државна компанија United Aircraft Corporation (UAC) објавија дека основале заедничка компанија во Шангај.

Плановите за заедничка работа на патнички авион беа откриени минатата седмица за време на посетата на рускиот претседател, Владимир Путин, во Пекинг. Според наводите на кинеските медиуми, станува збор за проект вреден од 13 до 20 милијарди долари.

Основањето заедничка компанија означува голем напредок во изработката на голем кинеско-руски патнички авион. Кина веќе ја помина клучната етапа од тој план на почетокот на мај кога патничкиот авион C919 тргна на својот прв лет.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail