Кина изградила 60 метарски прочистувач на воздух (ВИДЕО)

kina-procistuvac-2.jpg

Овој објект на прв поглед изгледа како огромен индустриски оџак, но не е тоа. Се работи за џиновски прочистувач на воздухот, кој што е изграден во центарот на градот Ксиан во Кина.

За разлика од индустриските оџаци кои загадуваат, оваа 60 метарска кула прочистува. Капацитетот на овој прочистувач е од 5. до 18. милиони кубни метри воздух во текот на еден ден.

Има огромна способност за справување со ситните ПМ 10 честички кои штетно влијаат на здравјето на луѓето, и тоа за 10 до 10% на 10 километри квадратни површина. Загадувањето на воздухот според научниците е причина за смрт кај 7. милиони луѓе годишно во светот.

Сепак, оваа кула засега е сеуште во експериментална фаза. Истата била изградена во 2016 година, а досега ги надминала сите очекувања.Доколку и понатаму покажува одлични резултати, властите ќе продолжат со изградба на вакви прочистувачи насекаде во Кина.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail