Кина ќе ја добие првата вертикална шума која ќе создава околу 60 килограми кислород на ден

china-towers1-e1486322777178.jpg

Компанијата Stefano Boeri Architetti го пренесува популаризираниот концепт од Милано во Нанџинг со Nanjing Towers.

Двете зелени кули ќе му обезбедуваат чист воздух на целиот град така што ќе произведуваат околу 60 киограми кислород секој ден додека истовремено апсорбираат јаглерод диоксид. Тоа ќе го постигнат со 1.100 дрвја од 23 различни видови, од кои 600 високи и 500 со средна висина и 2.500 каскадни грмушки и растенија.

Двете кули ќе никнат во округот Нанџинг Пуко, кој според архитектонската компанија ќе ја предводи модернизацијата на југот на Кина. Во повисоката од кулите ќе има канцелариски простор, музеј, школа за зелена архитектура и ноќен клуб на покривот. Втората кула ќе има хотел на Hyatt со 247 соби, базен на покривот, продавници, ресторани и конференциска сала. Балконите ќе бидат така направени што ќе им овозможат на жителите да се доближат до зеленилото.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail