Кина лансираше соларен дрон кој може да остане на небо со месеци

Кина го лансираше својот најголем соларен дрон досега. Дронот има распон на крилата од 40 метри и тежи само 400 килограми. Екстралесниот дрон е дизајниран да лета по 20.000 метри дневно со помош на обновлива соларна енергија за придвижување на осумте електрични пропелери. Има и неверојатна максимална брзина од дури 200 километри на часа.

Дронот го носи името Caihong-T4 (CH-T4) или Rainbow T-4, а го направи Кинеската академија за воздухопловна аеродинамика. Телото е составено од два дела и има и двојна опашка. Дронот е поширок од „боинг 737“, а малата маса се должи на конструкцијата од пластика и карбонски влакна. Висзуелната покриеност на дронот изнесува 1.000.000 квадратни километри или приближно колку површината на Боливија.

Научниците имаат намера да го зголема времето кое дронот може да го помине во воздух на неколку месеци со минимален човечки надзор. Дронот може да лета над облаци, а во текот на ноќта ќе ја користи енергијата складирана во батериите.

Кина се натпреварува со американскиот проект за одбрана DARPA и со Facebook во трката за дрон кој може да лета најдолго. Кинескиот дрон ќе се користи за набљудување, како и за воени и антитерористички цели.

извор: inovativnost.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail