Кина не е повеќе земјата со најмногу жители – еве која држава е најбројна

svettt.png

Индија стана најбројна држава на светот, утврдил амерканскиот демограф предизвикувајќи шок меѓу експертите ширум светот.

Ји Фусиан, академик од Универзитетот Висконсин-Мадисон, кој со години се бори против популациската политика на Кина, за која официјално се смета дека има најмногу жители на светот, го објавил ова сознание на конференцијата која е одржана во Пекинг.

Тој рекол дека е уверен оти кинеските статичари го преценувале бројот на жители во последните 26 години за околу 90 милиони.

Според тоа, бројот на жители на крајот од оваа година во Кина ќе биде 1,29 милијарди. Тој во интервју за „Градијан“ ги потврдил своите тврдења истакнувајќи дека официјалните статистики според кои во Кина живеат 1,32 милијарди се неточни.

– Мислам дека сега бројот на жители во Кина е 1,29 милијарди, а во Индија околу 1,32 милијарди – рекол Фусиан.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail