Кина планира да направи „летечки воз“ што патува 4.000 километри на час

voz.png

Кина започна со потрагата на создавање на „најбрзиот летачки воз”, што би можел да достигне брзина до 4.000 км/ч, според државните просторни градежници.

„Летачкиот воз“ е патничка капсула што патува низ вакуумска цевка користејќи магнетна левитација – слична на Хајперлуп на Илон Маск, која сака да достигне брзина од 1200 км/ч.

Ако проектот се оствари како што е планирано, овој супер воз би можел да се движи четири пати побрзо од брзината на комерцијалните летови и три пати побрзо од брзината на звукот.

View image on Twitter

View image on Twitter

Кинескиот вселенски институт и индустриска корпорација (CASIC-КАСИК) поседуваат повеќе од 200 патенти за проектот, пренесе Кварц.

КАСИК тврди дека нивниот цевчест систем ќе биде првиот дизајниран за суперсонични брзини – иако нивната првична цел е да достигнат поскромни брзини од 1.000 км/ч.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail