Kina-koronavirus-uchenici-2-1-702x336-1.jpg

фото: Конхуа

Кинеското министерство за образование препорача училиштата да почнат да одвиваат настава на далечина поради опасноста од ширење на Ковид-19 коронавирусот. Целото второ полугодие во земјата е одложено поради епидемијата, а онлајн настава е препорачана за околу 200 милиони ученици.

Според магазинот „Глобал Тајмс“, наставниците по избивањето на епидемијата почнале да водат тест-настава преку интернет, а Министерството советувало оваа пракса да продолжи.

Додека кинеските власти повикуваат граѓаните да останат во домовите и да не излегуваат без посебна потреба, наставниците снимаат видеа од часовите и преку мобилните телефони ги испраќаат до учениците кои ваквата настава ја следат од дома. Учениците преку апликација можат и да комуницираат со наставниците за предметите кои ги предаваат.

фото: Конхуа

извор: радиомоф

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail