Кина прави своја енциклопедија, ја пишуваат избрани научници

kina.gif

Кина прави своја верзија на бесплатна онлајн енциклопедија, слична на Википедија, која ќе има само официјална верзија на извесен број историски случувања без можност доброволци да пишуваат или уредуваат во сајтот.

Научници и експерти избрани од Пекинг единствено ќе имаат можност да внесуваат податоци. Проектот за изработка на енциклопедија со околу 300.000 одредници го предводи едделението за пропаганда на Комунистичката партија.

Еден од уредниците изјави дека онлајн Кинеска енциклопедија ќе биде фокусирана на теми кои веројатно нема да се менуваат како и на работи кои имаат академска вредност. Википедија на кинески јазик сега не е достапна во целост во Кина.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail