Кина со помош на 20.000 студенти и академици ќе лансира своја Wikipedia

3i3gpf-e1493498951188-640x480.jpg

Кина планира да лансира своја онлајн енциклопедија идната година со цел да изгради еден ѕид на културата кој ќе биде директен ривал на најпопуларната Wikipedia. Причината за ова е тоа што властите во Пекинг сметаат дека кинеските корисници на Интернет се под преголемо влијание на странски култури и информации.

Кинеската енциклопедија ќе биде креатор на јавното мислење. Во Кина сега може да се користат и Wikipedia и  британската Encyclopaedia Britannica, а кинескиот ривал ќе има за цел д ги надмине и двете.

Проектот ќе биде под раководство на државната компанија China Publishing Group и ќе мора да има кинески карактеристики, односно да биде симбол на културниот и технолошкиот развој на Кина и да ја зголеми меката моќ и меѓународното влијание на земјата.

За разлика од Wikipedia, која ја пишуваат волнотери и постојано се ревидира, новата кинеска онлајн енциклопедија ќе ја пишуваат професионалци. Досега има повеќе од 20.000 студенти и академици кои ќе учествуваат во проектот, а се планира да содржи 300.000 поими до нејзиното лансирање во 2018 година.

Кина има повеќе од 700 милиони корисници на Интернет, но според извештајот на Freedom House, земјата има најрестриктивна политика за користење на Интернетот од вкупно 65 анализирани земји, меѓу кои и Иран и Сирија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail