Кина воведува “Небесен воз”(ВИДЕО)

Новиот начин на транспорт-“Небесен воз” беше пуштен на пробна работа и веќе ги крши сите рекорди.

Инженерите велат дека неговата способност за транспорт на патници е речиси три пати подобра од регуларните возови и метроа.

Возот е дизајниран да биде лесен, со средна брзина на движење. Како евтин превоз, се очекува да има голем пазарен потенцијал, особено во планинските области и големите градови.

Овие возови, кои се направени од компанијата “CRRC Kingdao Sifang”, може да превезат и до 510 патници во три до пет вагони со максимална брзина од 70 километри на час.

“Овој воз ја користи најновата технологија на постојан магнет, која му овозможува поголема моќ со мал физички напор, мала бучава и мала тежина, со што се остварува подобра оперативна ефикасност”, вели Лиу Лувен, технички директор на проектот.

Тој, исто така објасни дека овој воз ќе обезбеди комфорно и безбедно патување на патниците низ ридести, стрмни и непристапни региони. Уште една предност е што поставување и одржување на ваква железничка мрежа е поевтина, а и многу брзо може да се направи.

Кина е сега трета земја во светот која ја развива оваа технологија, по Германија и Јапонија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail