kina-3.jpg

Кина воведе „полициски час“ за малолетниците кои играат видеоигри, со цел да ја намали завистноста од нив, бидејќи предизвикувале сериозни нарушувања на психичкото и ментално здравје на децата.

Во регулативите што беа издадени, на гејмерите под 18 години ќе им биде забрането да играат онлајн игри помеѓу 22 часот и 8 часот наутро. Во текот на неделата на малолетниците им е дозволено 90-минутно играње, кое во текот на викендот и националните празници може да се зголеми до три часа.

Новите регулативи исто така ставаат лимит на парите кои можат да бидат потрошени на видеоигри – 29 долари месечно за оние помеѓу осум и 16 години, а 57 долари за малолетниците од 16 до 18 години. Малолетниците ќе мораат да ги користат своите вистински имиња и идентификациски броеви за да се логираат за да играат.

„Полицискиот час“ е последната мерка на владата за да ја држи под контрла својата видео индустрија која е една од најголемите во светот. Компаниите и онлајн платформите мора да ги воведат новите правила на владата, кои ќе користат и како насоки за родителите, објавува кинеската агенција Ксинхуа. Претседателот Џипинг минатата година ги критикуваше видеоигрите бидејќи лошо влијаеле на видот кај децата.
По ваквата изјава на кинескиот лидер, кинеското министерство за образование минатата година објави дека ќе побара нови регулативи за бројката на видеоигри кои се дозволени, ќе го редуцира воведувањето нови игри, но и времето кое децата го поминуваат играјќи.
Кинеските власти, исто така, започнаа со „чистење“ на онлајн содржините кои не се здрави за децата. Тоа се игри со сексуална содржина, крвави, насилнички или со коцкање.

На микроблогот „Weibo“ корисниците изразија сомнеж за ваквиот „полициски час“ на кинеската влада. „Малолетниците би можеле да ги користат индетификациските броеви на нивните родители за да ги избегнат владините рестрикции. Колку повеќе се забранува толку повеќе децата изнаоѓаат начини за да го направат тоа“, напиша еден од корисниците.

Извори од Владата велат дека таа ќе обезбеди поголема поддршка преку соработка меѓу кинеското Министерство за јавна безбедност и релевантните институции, се’ со цел да се изгради темелен идентификациски систем кој нема да дозволува грешки.
„Ние ќе ги подобриме идентификациските системи на начин на кој ќе има споделување на податоци помеѓу платформите, со што би знаеле и би го намалиле времето кое малолетниците го минуваат на платформите за играње“.

извор: ммс.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail