Кинеска компанија ќе произведе смартфон идентичен на iPhone X, но три пати поевтин

kij.jpg

Кинеската компанија Leagoo подготвува претставување на смартфон со ознака S9. Познавачите на технологијата, меѓутоа, забележале дека овој уред е речиси потполно идентична копија на моделот iPhone X на компанијата Apple.

На прв поглед е многу тешко да се пронајде разликата меѓу овие два модела.

Leagoo S9 по својот дизајн е вистинска копија на iPhone X до најситните детали.

Кинезите, меѓутоа, не успеале да го опремат својот паметен телефон со еден од главните адути на компанијата Apple  – Face recognition, систем за препознавање на лица.

Наместо тоа, на Leagoo телефонот се наоѓа скенер за отпечатоци на прстите.

Според најавите на компанијата Leagoo нивниот S9 модел ќе чини околу 300 евра, што е три пати пониска цена од iPhone X.

За тие пари, купувачите ќе добијат P40 MediaTek процесор, 6GB RAM и 128GB интерна меморија.

S9 има AMOLED екран од 5.85 инчи и задна камера од 16 мегапиксели.

View image on TwitterView image on Twitter

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail