robot.jpg

Компанијата Магвил од Пекинг, која е поддржана од кинеската влада, ги проширува местата на кои се развива нивниот моќен “Face++” софтвер.

Компанијата обезбедила дистрибутер на Тајланд откако кинеската полиција успеала да го употреби овој софтвер во Кина за да лоцира и уапси повеќе од 3.000 бегалци.

Технологијата функционира така што идентификува 106 различни карактеристики на лицата на луѓето, па дури и ако лицето е делумно покриено, на пример со фантомка.

“Face++” веќе вреди околу 1,5 милијарди фунти, пренесува “Business Insider”, а Мегвил е во преговори со комерцијалните банки и менаџерите да го искористат за безбедносни цели.

Тоа би значело дека зградите кои користат документи за идентификација би можеле да работат без нив, а технологијата веднаш ќе ги познае лицата на работниците и клиентите.

Потпретседателот на компанијата “Мегвил”, Сије Јинан, за “Business Insider” рекол дека “Face++” веќе се користи во приватни и комерцијални компании за недвижнини во Кина, така што може да одлучи на кој му е дозволен влез во зградата.

Тој исто така рекол дека во иднина шефовите би можеле да го користат за да следат колку долго вработените седат во канцеларија.

На прашањето дали е загрижен за евентуална кражба на податоци, тој рекол дека тоа било и причина за загриженоста на владата.

“Ние немаме пристап до податоци. Тоа што ние продаваме е сервер кој е вчитан во “Face++” софтверот. Тоа е се”.

Следниот чекор на компанијата “Мегвил” е да се прошири софтверот на хардвер, така што ќе се развијат надзорни камери со вграден “AI”.

Сије рекол: “Ние сакаме да ги подобриме овие “очи на градот” и да ги направиме интелигентни”.

“Снимките од градот ќе станат податоци за градот. Тоа е како во филмовите. Полицијата повеќе нема да мора да бара некој меѓу 1.000 луѓе на камерите. Видео мрежата автоматски ги детектира и ги предупредува на ситуацијата, така што во голема мерка ја зголемува нивната ефикасност”.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail