Кинезите направија и тестираа трамвај на иднината

kina-tramvaj-1.jpg

Само два месеци по претставувањето на концепто на 19-от Меѓународен саем на висока тенологија во Пекинг, кинеските инженери направија и тестриаа нов издигнат трамвај кој може да поминува преку други учесници во сообрќаајот.  Првото возење го направи во Чинхуангдаоу.

По презентацијата на моделот и  концептот во мај ја заинтригираа јавноста, инженерите одговорни за  „Transit Elevated Bus“ (ТЕБ) ги изненади сите и направи навистина гигантско возило.

Трамвајот се движи на струја со сончева енергија која ја собираат панелите распоредени на покривот.

kina-tramvaj-2

Шинското возило на иднината, поточно, работи на принцип „опчекорување“ на сообраќајни ленти така што не зависи од никаков метеж.

Целото возило осмислено е за максимално да го искористи  патот, а долго е 22, а широко осум метри. Тоа му овозможува да прекрие повеќе сообраќајни ленти.

Едно возило може да превезе и до 300 патници, но експертите планираат да се користи по метро системот, односно да одат по четири споени трамваи кои би можеле да  носат 1.200 луѓе.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.