Кинезите направија вештачко сонце кое е шест пати потопло од вистинското

artificial-sun-e1542647356839.jpg

Според научници од Институтот за плазма физика на Кинеската академија на науки, кинеското „вештачко сонце“ достигна температура од 100 милиони степени Целзиусови со моќ на загревање од 10 мегавати.
Тоа е шест пати повеќе од центарот на нашето вистинско Сонце. Уредот, наречен Experimental Advanced Superconducting Tokamak (EAST), е направен да ја собира енергијата која се создава при нуклеарна фузија, односно истиот процес од каде што ѕвездите ја добиваат својата енергија.

Тешко е да се предизвика нуклеарна фузија, а уште потешко е да се одржува. Тешко е да се направи реактор кој ќе може да го издржи неверојатниот притисок и високата температура при реакцијата. Но, повеќе лаборатории за фузија и стартапи во светот почнаа да го прифаќаат овој тренд и да гледаат на фузијата како на енергетска иднина за Земјата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail