Кинезите со чекан тргнаа во борба против телефоните во училиштата (ВИДЕО)

kina-mobilni-telefoni-640x360.png

Дали на своето дете, брат, сестра или пријател понекогаш би му го скршиле телефонот затоа што не обраќа внимание на она што му го говорите? Еве како тоа го прават Кинезите. Едно средно училиште во јужната покраина Гуижу одлучи да им покаже дека во текот на наставата нема повеќе непотребно типкање по телефонот, пренесува Дејли Мејл.

Видеото снимено оваа недела покажува маж во војничко одело, кој со чекан крши мобилен телефон пред неговиот сопственик-ученик. Во позадина се слуша женски глас кој изговара:

-Секој мобилен кој ќе биде донесен на училиште спротивно од правилата ќе фрлен во вода и потоа уништен.

Коментарите на социјалните мрежи се поделени. Додека едни сметаат дека овде станува збор за скапа технологија и дека од училиштето немаат право да ја уништуваат туѓата сопственост, други мислат дека е одлична мерка за воспитување. Проценете сами.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail