Ќе им помогне ли на нашите власти ова – „Гугл“ ќе се бори против загадениот воздух

zagaden-vozduh.png

Новата услуга на платформата Google Earth би требала да ја олесни борбата против загадувањето на воздухот.

Од Google соопштија дека во соработка со компанијата Aclima, која што меѓу другото се занимава со анализа на квалитетот на воздухот, наскоро ќе овозможи помош во детекцијата на загадениот воздух и презентација на податоците во реално време на својата платформа Google Earth.

Проектот стартуваше во Соединетите Американски Држави, каде што Google и Aclima на подрачјето на Сан Франциско и Лос Анџелес ги „покрија“ сите релевантни фактори и ги претставија резултатите од првите истражувања на квалитетот на воздухот.

„Научниците и тие кои што се занимаваат со истражување на квалитетот на воздухот можат да ги користат овие податоци за да им помогнат на локалните организации, влади и регулаторните тела да добијат увид каде се критичните точки со најзагаден воздух, односно како врз основа на тоа би можеле да пронајдат решенија“, изјави Карин Тучен-Бетман од Google Earth Research програмата.

„Нашите мерења конкретно откриваат каде се најголемите сообраќајни метежи и какво е влијанието на загадувањето на воздухот во тој дел. Уверени сме и се надеваме дека оваа програма може да го означи почетокот на поздравите градови, односно дека ќе може да го редуцира влијанието на загадувањето на климатските промени и ќе ни овозможи поквалитетен воздух, а со самото тоа и поздрав живот“, додаде Тучен-Бетман за порталот “TMW”.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail