Ќе се изненадите кога ќе прочитате колку урина има во еден базен

bazen.jpeg

Научниците од Канада се обиделе да ја пресметаат количината на урина во еден градски базен. Тие откриле дека посетителите на базен со капацитет од 830.000 литри – што е една третина од Олимписки базен, во водата испуштаат 75 литри урина. До овој податок дошле мерејќи ја концентрацијата на синтетичкиот засладувач калиум ацесулфам, кој обично може да се најде во преработената храна, а низ човечкото тело поминува непроменет и се излачува низ урината.

Во вториот базен, кој бил помал за половина од претходниот, нашле 30 литри урина. И да се потсетиме – станува збор за Канада, каде културата на вкупното население е на многу повисоко ниво отколку на нашите простори!

“Време е да ги научиме основните правила за хигиена на јавните базени, а оваа студија е првиот чекор натаму. Би требало сите да бидеме свесни дека не сме сами и едноставно да одиме до тоалет кога ќе почувствуваме потреба да мокриме – лесно е!”, изјавила една од авторите на студијата, Линдзи Блексток од Универзитетот во Алберта.

Во текот на тринеделните истражувања биле земени 250 примероци од повеќе од 30 базени и во секој од нив биле пронајдени траги на урина во големи количини. Интересно е тоа што дури и во џакузито на еден луксузен хотел пронашле зголемено ниво на калиум ацесулфам.

“Не е необично водата во базените со години да не се менува. На сопствениците на базените полесно и поевтино им е само да додадат вода отколку да го испразнат целиот базен и повторно да го наполнат”, изјави Ернест Блечли од Универзитетот Пердју.

Урината и хлорираната вода создаваат цијаноген хлорид, кој може да предизвика иритација на очите и респираторниот тракт, додека долгогодишна изложеност може да доведе и до развој на астма. Цијаноген хлорид спаѓа во хемиски војни агенси, кој во големи количини може да убие. Меѓутоа, нивото пронајдено во базените не е од толкав степен и е речиси незначително – но сепак, луѓе сме, не животни и треба да работи самоконтролата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail