renata-660x330.jpg

Една од најважните мерки предвидени во Акциониот план е Планот за економски раст е основањето на Научно-технолошки парк, кој е предлог на Фондот за иновации и технолошки развој, како инфраструктурна поддршка на иновациската дејност и овозможува поврзување, создавање и брза примена на нови технологии, создавања и пласман на нови производи, процеси и услуги на пазарот.

Владата на Република Македонија ја усвои и оваа Информација на вчерашната седница, и го задолжи Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација со економските ресори да формира работна група составена од, Фондот за иновации и технолошки развој, Министерството за финансии, Министерството за економија, Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за образование и наука и Кабинетот на Зоран Шапуриќ, министер без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија која што ќе направи предлог за спроведување на оваа иницијатива за воспоставување на Научно-технолошки парк во Македонија со предлози за просторни, финансиски и кадровски ресурси и за 90 дена да ја информира Владата за тоа.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail