cerka.jpg

Во британската емисија ,,Rich Kids Go Homeless”  децата на богатите треба да живеат на улица како бездомници.

Со таква судбина оваа недела се соочила 21- годишната Изабела Џејмс , студентка по психологија , која сакала да покаже дека не е разгалена принцеза. Иако годишно оди на шест луксузни одмори , имаколекција на дизајнерска гардероба и е во врска со возачот на Формула , Себ Морис , Изабела мислеше дека може да преживее на улица. Решила да преживува со собирање шишиња и пластична амбалажа за  рециклирање.

Но , кога останала сама на улиците на источен Лондон , мислењето дека може да преживее и се сменило. Преспала на една од најозлогласените улици , Стратфорд, под шатор и на картон , а потоа во вреќе за спиење , зашто не сакала да оди во прифатен центар. набргу увидела дека не може да преживее од парите од шишиња , па побарала работа во автоперална , но безуспешно.

Утредента , кога немала пари за јадење , почнала да игра и да пее и да им раскажува на луѓето за својот живот , па така собрала околу 5 фунти , што ги искористила за оброк за неа и за уште една вистинска бездомничка , која поради завиаснот од дрога живее на улица со своето куче. Изабела веќе не можела да поднесе да помине уште една ноќ на улица и се откажала од шоуто.

Вели дека по ова искуство , е сосема различна личност. ,,Моите размислувања биле погрешни. Дури сега сфатив дека не било воопшто лесно да се најде работа.” , вели Изабела и додава дека ќе се заложи бездомниците да може да добијат лична карта иако не знае што да направи да се смени законот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail