„Клеопатра“ има одличен прием, премиерата на „Тајно моја“ се презакажува за 24 март

mkd-310030.jpg

Македонската опера и балет информира дека на 9 март (четврток), ќе се одржи балетскиот спектакл „Клеопатра“, а на 10 март (петок) ќе биде изведена сценската кантата „Кармина бурана“. Премиерата и репризата на мјузиклот „Тајно моја“ во чест на Тоше Проески, кои беа закажани за 10 и 21 март се презакажуваат за 24 (петок) и 26 март (недела), а се закажува и трета претстава на 28 март 2017 година.

Балетскиот спектакл „Клеопатра“ има одличен прием кај публиката и за секоја закажана претстава билетите се продаваат однапред. За претставата која беше закажана за 7 март билетите се продадени, а следна претстава за која публиката ќе може да си купи билети е закажана за 9 март.

Специјално компонираната музика за „Клеопатра“ е на авторката Нерија Голдберг од Литванија, кореограф е Василиј Медведев од Русија, сценограф/костимограф е Павол Јураш од Словачка, а либретото е на Јана Темиз од Турција. Во главните улоги настапуваат првенците, Александра Мијалкова (Клеопатра), Васил Чичијашвили (Цезар) и Бобан Ковачевски (Марко Антоние).

Исто така, продолжува програмата со Детски викенд. Наредниот викенд (сабота и недела, 04. и 05.03.2017 г.), на малата сцена во МОБ ќе биде изведена детската претстава „Операта на шумските животни“ во два термини, од 12 и 13.30 часот, известија од МОБ.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail