uploads_thumbs_resize_800x420_385467.jpg

Така, една од главните причини за турбуленции при ведро време е т.н. завлекување на ветрот , односно метеоролошка појава во која ветровите се вкрстуваат под парав агол или во спротивна насока. Научниците во новата студија објавена во угледниот журнал „Nature“ откриле статистички значајно зголемување на вертикалната струја на ветрот над северниот Атлантик, на надморска височина на која летаат авионите.

Набљудуваните измени може да имаат значително влијание врз авијацијата, бидејќи просечно низ таа област поминуваат околу 3.000 летови дневно.

Студијата се концентрираше на регионот од две главни причини: Северноатлантскиот океан е најпрометниот прекуокеански коридор во светот, а летовите што минуваат низ областа обично се изложени на ветер.

“Некои климатски модели веќе предвидоа двојно односно тројно зголемување на турбуленциите до средината на 21 век. Ги анализиравме податоците и забележавме дека еден од нивните клучни двигатели навистина се засили”, рече климатологот Симон Х. Ли, шеф на истражувањето, додавајќи дека патниците не треба да бидат загрижени за зголемувањето на турбуленциите бидејќи тие не се причина за несреќите.

„Шансата авион да се сруши како резултат на турбуленција е – нула“, рече тој.

извор: канал5

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail