nursing-specialty-2.jpg

Surfing the web

рз основаначлен 156, 157, 158, 159, 160 и 1646 одЗаконотзаздравственатазаштита (Сл. ВесникнаР. М. бр. 43/12, 145/12, 87/13, 39/14, 43/14, 10/15, 154/15, 192/15, 17/16, и 37/16), Согласност за вработување од Министерството за финансии бр. 185084/2 од 14. 5. 2018 година и Одлука бр. 02607/4 од 10. 7. 2018 година, в. д. медицинскиот директор ас. д-р Илир Хасанид-р сци. на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар – Скопје објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на 20 (дваесет) мeдицински сестри и I (еден) физиотерапевт на неопределено време 1 ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар – Скопје има потреба за вработување на:

1.1 20 (дваесет) медицински сестри на неопределено време и
1.2 1 (еден) физиотерапевт на неопределено време

2. Кандидатите треба да ги исполнуваат општитеуслови предвидени со Законот за здравствената заштита,
да е државјанин на РМ,
да е полнолетен,
да има општа здравствена способност и
да не му е изречена со правосилна одлука забрана на вршење на професија,
дејност или должност

3. Покрај со закон утврдените општи услови кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни улови:
За кандидатот под точка 1. 1
Завршено средно медицинско образование (образовен профил медицинска сестра техничар)
Положен стручен испит
со или без работно искуство
За кандидатите под точка 1. 2
Завршено средно медицинско образование (образовен профил физиотерапевтски техничар)
Положен стручен испит
со или без работно искуство

4. Работно време од 40 часа неделно и основна нето плата;
За кандидатите под точка 1. 1 и 1. 2 изнесува 18. 500, 00 денари

5. Во прилог на пријавата кандидатите се должни да ги достават следните документи:
За кандидатот под точка 1.1 пријава со податоци за контакт;
кратка биографија (CV);
Уверениеза државјанство (оригинал или копија заверена кај нотар);
Лекарско уверение за општа здравствена способност, не постаро од 6 месеци (оригинал или копија заверена кај нотар);
Уверение дека не му е изречена со правосилна одлука забрана за вршење професија, дејност или должност, не постаро од 6 месеци оригинал или копија заверена кај нотар);
Доказ за завршено средно медицинско училиште образовен профил медицинска сестра техничар) и тоа Сведителствата од сите 4 (четири) години во кое е наведен успехот што е постигнат во СМУза секоја година посебно(оригинал или копијазаверена кај нотар);
доказ за положен стручен испит (оригинал или копија заверена кај нотар)

За кандидатот под точка 1.2 пријава со податоци за контакт;
кратка биографија (CV);
Уверение за државјанство (оригинал или копија заверена кај нотар);
Лекарско уверение за општа здравствена способност, не постаро од 6 месеци (оригинал или копија заверена кај нотар);
Уверение дека не му е изречена со правосилна одлука забрана за вршење професија, дејност или должност, не постаро од 6 месеци оригинал или копија заверена кај нотар);
Доказ за завршено средно медицинско училиште образовен профил физиотерапевтски техничар) и тоа Сведителствата од сите 4 (четири) години во кое е наведен успехот што е постигнат во СМУза секоја година посебно(оригинал или копијазаверена кај нотар);
доказ за положен стручен испит (оригинал или копија заверена кај нотар)

6. Рокот за пријавување на јавниотошас е 5 (пет) работни дена одденот на објавувањето.

7. Ненавремената, нецелосната и неуредната документација нема да биде предмет на разгледување од страна на комисијата за селекција на кандидати.

8. По извршената селекција на пријавените кандидати за медицински сестри и физиотерапевт кои ги исполнуваат условите согласно јавниот оглас, ќе биде спроведен квал ификационен испит согласно член 1 60 од Законот за здравствената заштита.

9. Пријавата со целокупната потребна документација и телефон за контакт, да се достават до ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар – Скопје ул. Водњанска бр. 17, по пошта или во архивата на ЈЗУУниверзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центарСкопје, a со назнака за Јавен оглас за вработување.

ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар – Скопје

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail