Еве зошто читањето е најдобар начин за опуштање

kniga.jpg

Начин на релаксирање кај секоја личност е различен, секој си има посебен и уникатен начин на кој се релаксира и опушта, одмара и ужива во времето кое го двои само за себе, но доколку читањето книга е вашиот начин да се опуштите, тогаш не сте можеле да изберете подобра активност. Едно истражување покажало дека читањето опушта многу подобро отколку добро познатите методи на слушање музика, кафе со пријателите или прошетка во природа.

Доволни се само 6 минути поминати пред книга или некое друго четиво за да се смириме, односно нивото на стрес да падне и да се смират отчукувањата на срцето и напнатоста во мускулите. Психолозите веруваат дека тоа се должи на фактот дека при читањето мозокот мора да се сконцентрира на она што го читаме, а таквиот начин на оттргнување на мислите од проблемите и заминување во друг свет делува погодно за срцето и напнатоста во мускулите.

Потребата на човекот за бегство во имагинарен свет доаѓа до израз во време на разни проблеми, кога реалноста не ни се допаѓа и сакаме да побегнеме од неа, тврдат експертите.

Втор најефикасен начин е слушањето музика, трет пиењето кафе, а четврт шетањето – покажало ова истражување. Стресот го намалуваат и видеоигрите, но за разлика од другите методи, тие го зголемуваат отчукувањето на срцето.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top