Книга од популарната психологија – „Уметност на живеењето“ во издание на „Бата прес“

kniga123.jpg

Во издание на „Бата прес“ излезе од печат книгата од областа на популарната психологија „Уметноста на живеењето“ од Горан Главинац.

– Станува збор за читко напишана интердисциплинарна студија за основните онтолошки психолошки, филозофски и социолошки прашања на човекот поврзани со религија, психологија и поврзаноста на телото и умот што го интересираат константно од најмлади години. Во делото тој ги допира и актуелните прашања за односот на материјата и идејата, односот меѓу човечката и вештачката интелигенција, за основните гносеолошки прашања, политиката, односот кон демократијата, соопшти издавачот.

Значаен дел од книгата има и практични совети, а авторот, меѓу другото, нагласува: „Книгава нема да наметнува ставови или решенија, туку ќе сугерира факти и ќе укажува на една состојба која би можеле да ја најдете во себе. Никој не може да го оствари тоа наместо вас. Ве уверувам, дека без разлика на надворешните околности во кои живеете, полот, возраста, секој може да ја пронајде таа состојба, каде и да се наоѓате на оваа прекрасна планета. Ако оваа состојба стане трајна тогаш секоја постапка го носи тој печат и така ќе ја осознаеме врвната уметност. Тоа е уметноста на живеењето.“

Книгата ќе биде промовирана денеска во официјалната програма на Саемот на книга, од 17 часот.

Горан Главинац е роден 1975 година во Скопје. Дипломирал на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 2002 година. Тој е еден е од основачите на Едукативниот центар „Училишна вежбална“ во кој и денес работи на едукација и доусовршување на младите. Активно се занимава со шах и е претседател на Шаховскиот сојуз на град Скопје.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail