Книгата „40 минути подоцна“ задоцни 100 години

16012017152845_web_kniga.jpg

Книгата „40 минути подоцна“ беше вратена во библиотеката во Сан Франциско во петокот, 100 години откако беше издадена, објавуваат американските медиуми. Таа била вратена од Веб Џонсон, чија прабаба ја позајмила во 1917 година.

Библиотеката соопшти дека не го казнила Џонсон, кој пак, ја нашол книгата во 1996 година, но ја задржал 21 година.

– Мислевме дека книгата е наша сега. Знам дека сум виновен – кажа Џонсон.

Книгата повторно ќе биде достапна за членовите на библиотеката, откако ќе биде прегледана и ставена во евиденцијата.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail