Кога некој сака да ве понижи и навреди: Само еден потег и ќе излезете како победник!

dwdwd-4-1.jpg

Постоел еден монах кај кога по совет доаѓале луѓе од најразлични краишта и кој важел за многу смирена личност која не може никако да се навреди.

Тоа го слушнал некој расипан човек и решил да го тестира мудрецот. Отишол кај него и почнал да го навредува и понижува најлошо што можел. Откако снемал повеќе навреди, на момент застанал запрепастено и сфатил дека монахот и понатаму е смирен и прибран како што бил и пред да дојде тој.

Тоа страшно го налутило лошиот човек и почнал уште пострашно да го пцуе и навредува од пред тоа но залудно – изгледало дека тоа воопшто не го допрело мудрецот.

Кога останал без пцовки и ја изгубил целата енергија, одлучил да му пријде на монахот и да ја дознае неговата тајна.

“Ги разбирам тие ваши духовни работи и како не ви е важно што другите луѓе мислат или зборуват, но јас те понижив и навредив и треба да научиш да се бориш за себе.“- му рече човекот.

“Синко, може ли да ти поставам само 2 прашања?“ го праша монахот прозборувајќи за прв пат.

“Секако “ – рече човекот.

Ако ти ми донесеш на мене подарок, а јас не го прифаќам, на кој му припаѓа подарокот понатаму?- Праша мудрецот.

“Па, ако не го прифатиш подарокот, тој и понатаму ми припаѓа мене.“ – одговорил лошиот човек.

“А сега, сине мој, ако ти за мене имаш само навреда, а јас не ја прифаќам, тогаш таа кому припаѓа понатаму?“ заклучил мудрецот, се свртел и си отишол оставајќи го човекот зачуден.

Никому не враќајте зло за зло, а размислувајте за тоа што е добро пред сите луѓе. Ако е можно, доколку тоа зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе.

Не одмаздувајте се, возљубени, за себе, туку дајте му место на Божјиот гнев. Зашто е напишано: „Одмаздата е Моја, Јас ќе отплатувам – вели Господ.” (Римјаните 12,17-19, Библија)

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail