Кога одите на концерт вашите мозочни бранови се синхронизираат со оние на останатите луѓе

kon.jpg

Можеби обожувате да го слушате вашето омилено соло на слушалки, но тоа секако не може да се спореди со концерт во живо. Само прашајте си го мозокот. Кога луѓето заедно гледаат музика во живо, нивните мозочни бранови се синхронизираат, а ова мозочно спојување е поврзано со фактот дека луѓето на концерт си поминуваат убаво.

Новите откритија, објавени на 27 март на состанокот на Друштвото за Когнитивна Невронаука, се потсетник дека луѓето се социјални суштества. Во западните култури, изведбата на музиката обично е резервирана за музички талентираните, но ова не е точно низ поголемиот дел од човечката историја. “Музиката е типично поврзана со ритуалот и во повеќето култури се поврзува со танцот”, рече неврологот Џесика Грен од Западниот универзитет во Лондон, Канада. “Тоа е начин да се има општествено учество.”

Учесниците во студијата биле поделени во групи од 20 и ја искусувале музиката на еден од трите начини. Некои од нив гледале концерт во живо со голема публика, некои гледале снимка од концерт со голема публика, а некои ја гледале снимката со само неколку други луѓе. Секое лице носело ЕЕГ капа, односно капа покриена со електроди кои го мерат колективното однесување на нервните мозочни клетки. Музичарите свиреле оригинална песна што ја напишале за студијата.

Делта брановите на публиката кои ја гледале музиката во живо биле повеќе синхронизирани од оние на луѓето во другите две групи. Делта брановите паѓаат во фреквентен опсег што приближно кореспондира со ритамот на музиката, што укажува на тоа дека ритамот ја поттикнува синхроничноста, објави невронаучникот Моли Хенри, член на лабораторијата Гран. Колку повеќе одреден член на публиката бил синхронизиран со другите, толку повеќе тој или таа изјавиле дека се чувствуваат поврзани со изведувачите и уживаат во шоуто.

Наравоучение: Одете почесто на концерти

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top