Кои емоции ги изразуваме најтешко?

sad.jpg

Секој еден од нас го правел тоа- од насмевка кога ќе сретнете некој колега во лифтот на работа, до лажен интерес, со кој се обидувате да прикриете досада кога ќе се најдете во ред со некој особено досаден сосед, пишува PopSci.

И во едниот и во другиот случај лажната емоција од социјална гледна точка изгледа како нешто што може да направи. Излегува дека, сепак, не сите емоции можат да бидат изразени подеднакво лесно насила.

За разлика од обичната „социјална насмевка“, која се појавува на усните без напор во различни ситуации, други емоции се доста потешки за фалсификување. Тие се поврзани со различни чувства за емоционално нерасположение и стрес – на пример лутина, страв, тага или пак изненадување.
Овие изрази предизвикуваат тензија на мускулите на лицето, бидејќи еден дел од мозокот се обидува да го контролира изразот предизвикан од друг дел. Покрај тоа, овие физиономии се потпираат и на антагонистички мускулни групи, па одделните делови на лицето се протегаат во спротивни насоки.

Така на пример, тагата често вклучува како израз на тага, така и желба да го контролирате ваквиот израз. Обидот да ја прикриете својата тага ги тера усните да треперат од нерви. Најтешко сепак се фалсификува страв.

„При отсликувањето на страв учествуваат повеќе притисни мускули отколку било која друга емоција“, објаснува д-р Дејвид Мацумото, директор на Humintell. „Ова важи особено за горниот дел на лицето. Во челото, веѓите и очните капаци имаме многу помалку нервни врски отколку кај долните мускули, што го прави особено тешко свесното онтролирање“.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail