Кои природни состојки можат да ве заштитат од сонцето?

Koi-prirodni-sostojki-mozat-da-ve-zashtitat-od-sonceto.jpg

Кои природни состојки можат да ве заштитат од сонцето?

Многу е важно да се заштитиме од сонцето и без оглед на тоа каква кожа имаме, сите користиме производи за сончање. Многу производи за сончање содржат состојки кои можат да предизвикаат алергии или да имаат негативни ефекти, но дали постои природна заштита од сонце?

Некои луѓе се заинтересирани да направат своја крема за сончање дома, а ако и вие сте меѓу нив, тогаш погледнете кои природни состојки можат да се користат за заштита од сонцето.

1. Прополис

Оваа позната мешавина која пчелите ја собираат е една од најмоќните природни состојки за заштита од сонце. Богат е со антиоксиданти и штити од УВ зраците.

2. Алое вера

Алое вера е познато по своите навлажнувачки својства и здравствени придобивки за кожата. Експертите препорачуваат да го нанесете алое вера гелот 24 часа пред изложување на сонце и 2 часа по него.

3. Масло од морков

Ова масло често се користи во комбинација со други состојки за да обезбеди дополнителна заштита. Богато е со бета-каротин и витамини Е и А. Исто така е одлично и за заздравување на сува кожа.

4. Шеа путер

Шеа путерот често се користи во домашните козметички производи, бидејќи има лековити својства. Освен тоа, има и многу нежна арома, па сигурно ќе го обожавате.

5. Масло од семе од малини

Ова масло е една од најефикасните природни состојки за сончање. Богато е со антиоксиданти и минерали кои помагаат при различни состојби на кожата.

Извор: vistina.com.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail