tereza-mej-652x406.jpg

Годинава имаше трансфер на моќта во светот – многу жени достигнаа некои нови успеси, додека други се стркалаа по скалата на моќта. Се појавија и некои нови лидери кои се приклучија на листата со најмоќни жени во светот, но имаше и многу жени чија моќ наиде на многу предизвици или беа симнати од својот трон. Ова е период кога најмногу жени во историјата на човештвото се најдоа под рефлекторите на славата, лидерството и се потенцираше потребата за поголем диверзитет. Жените денес создаваат решенија за некои од најголмите проблеми во светот и оставаат свој печат.

Па, ајде да видиме кој си ја задржа или ја изгуби моќта во 2018 година според магазинот Forbes. Германската канцеларка Ангела Меркел и понатаму е на чело на листата со најмоќни жени во светот и тоа осма година по ред. Иако од неодамна не е на чело на Христијанско-демократката партија и нема да учествува на изборите во 2021 година, нејзиното лидерство на најголемата економија во Европа де факто ја прави најмоќен женски лидер во слободниот свет. Додека наредните три години ќе бидат неизвесни за неа, сигурно ќе остане лидер кој одлучил зад себе да остави вистинско наследство.

Веднаш зад неа во чекор ја следи премиерката на Обединетото Кралство, Тереза Меј. Иако во времето на Меј беше донесена една од најбитните одлуки во историјата на земјата – Брегзит, која ги подели луѓето и премиерката си создаде многу противници, сепак се најде на втората позицијата на листата.

Да видиме кој ја дополнува најмоќната женска тројка во светот. На третото место е Кристин Лагард, директорката на една од најмоќните организации во светот, Меѓународниот монетарен фонд. Таа сигурно ја држи една од најжешките столици во светот и во нејзини раце се судбините на најголем дел од економиите на глобално ниво.

Мери Бара е извршен директор на General Motors и се наоѓа на четвртото место на листата. На петтото место е Абигејл Џонсон, извршен директор на Fidelity Investments. Мелинда Гејтс, сопругата на ИТ магнатот и мултимилијардер Бил Гејтс, која воедно е и соосновач на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, е на шестото место. Извршната директорка на најпопуларната мрежа за гледање видеа во светот, YouTube, Сузан Војчички, е на седмото место. Ана Ботин, претседател на мултинационалната банкарска групација Banco Santander, е на осмото место. Последните две места на листата топ 10 најмоќни жени во светот им припаднаа на Мерилин Хјусон, извршен директор на корпорацијата Lockheed Martin и Џини Ромети, извршен директор на технолошкиот гигант IBM.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail