Кои се најплатените професии во Македонија

denar.jpg

Во Македонија луѓето кои работат во воздухопловен транспорт имаат највисоки плати и заработуваат плата од 58.201 денари. Зад нив се оние од секторот компјутерско програмирање со 55.468 денари, трети се вработените во телекомуникации со 55.366 денари.

Подолу на листата се финансиски услужни дејности со 41.013 денари, осигурување, реосигурување и пензиски фондови со 38.277 денари. Најниски плати земаат луѓето во трговија, преработувачка индустрија, земјоделство и ред други сектори кои со години се слабо платени.

Државниот завод за статистика вчера објави дека нето платите во април 2017 година споредено со истиот месец претходната година се поголеми за 1,4%. Просечната нето плата во Македонија изнесува 22.672 денари. Од вработените во земјава 0.9% останале без својот личен доход во април.

извор: faktor.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail