Пред неколку дена и официјално започна летото, а луѓето од целиот свет полека ги „кројат“ плановите за летните одмори и нивните дестинации. Според сајтот „Трипадвајзор“, Бали и Ибица се најпопуларните дестинации за ова лето.
Барли е остров во Индонезија и е познат по прекрасните песочни плажи и корални гребени. На Бали се наоѓаат и голем број на храмови и културни знаменитости.
Што се однесува до Ибица, таа претставува „кралица на ноќта“, затоа што е позната по лудите вечерни забави на песочните плажи. Островот се наоѓа помеѓу Барселона и Алжир.