Кои се навистина бенефитите од физичката активност?

exercise.jpg

Дали навистина сето тоа што го читаме и слушаме за бенефитите на вежбањето е вистина? Краток одговор, да, дури и повеќе од што мислите, подолгиот одговор е следен.

Редовното вежбање и физичка активност може:

-Да ви помогне да ја контролирате вашата тежина.

-Да го намалите ризикот од срцеви заболувања.

-Да ви помогне на вашето тело да управува со нивото на шеќер во крвта и инсулинот.

-Да ви помогнеме да се откажете од пушењето.

-Да го подобри вашето ментално здравје и расположение.

-Да ги задржите вашите вештини за размислување, учење и проценка кога стареете.

-Да ги зајакне коските и мускулите, особено кај тинејџерите.

-Да го намалите ризикот од појава на рак, вклучувајќи карцином на дебелото црево, дојка, матка и бел дроб.

-Да го намалите ризикот од паѓање, односно да имате подобра рамнотежа.

-Да го подобри спиењето.

Но, можеби се прашувате
Како можам да направам вежбање дел од мојата редовна рутина?

Постојат неколку работи што би помогнале, на пример:

-Следењето на вашиот прогрес со слики или други начини

-Активност со саканите

-Мали работи, користете скали место лифт, паркирајте се подалеку, итн.

-Најдете активности кои може да ги правите и во лошо времен, на пример одење во теретана.

извор: енаука.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail