Кои жители ги поседуваат најмоќните пасоши во светот?

pasos.png

Германците се најпрестижните патници во светот, бидејќи го поседуваат најмоќниот пасош. Тие може да посетат најголем број на држави, без да им е потребна виза за влез. Според податоците, Германците имаат за право да посетат 157 земји без виза или со виза на денот на пристигнувањето.

Веднаш зад нив се наоѓаат жителите на Шведска и Сингапур, кои го делат второто место. На трето место според Passport Index се наоѓа Велика Британија заедно со САД, како и членките на ЕУ, Данска, Финска, Франција, Шпанија, Швајцарија и Норвешка.

На дното на оваа листа се наоѓа Авганистан, чии жители имаат безвизен режим само во Хаити, Микронезија и Свети Винцент и Гренадини. И жителите на Пакистан, Ирак и Сирија се со ограничен број на земји за посета без одобрување.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail