Кој е најпосетуваниот град во 2017 година?

grad-1.jpg

Mastercard објави Global Destination Cities Index, каде, меѓу другото, беше објавена и листа од 30 најпосетувани градови во светот во 2017 година.

Бангкок со 20,2 милиони меѓународни посетители се најде на првото место на оваа листа, а веднаш по него следат Лондон со 20 милиони посетители, Париз и Дубаи со 16 милиони, па Сингапур со 13,45 милиони посетители.

На шестата позиција е Токио со 12,5 милиони посетители, а по него следуваат Сеул и Њујорк и Куала Лампур.

Со нешто повеќе од 9 милиони посетители на десетата позиција се наоѓа Хонгконг, а на единаесеттата Истанбул. Барселона и Амстердам со речиси 9 милиони посетители ја заземаат дванаесеттата, односно тринаесеттата позиција.

Во понатамошниот дел од листата следуваат Милано, Шангај, Виена, Прага, Мајами, Даблин, Мадрид, Мумбаи, Торонто, Берлин, Анџелес, Осака, Таипеи, Рим, а на последната позиција како 30 најпосетуван град оваа година се најде градот Јоханесбург.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail