Кој е првиот симптом на Алцхајмерова болест?

img-333825.jpg

Досега се мислеше дека ослабеното помнење е првиот симптом за Алцхајмерова болест, но истражувањето покажа дека губењето во просторот, дури и во познато опкружување, може да биде првиот симптом за оваа болест.

Целта на новото истражување насловено „Да спречиме“, во кое се вклучени и други британски центри, е да се откријат првите симптоми на болеста кај луѓето уште додека се помлади.

Алцхајмеровата болест обично не може да се дијагностицира до шеесеттата година, кога веќе има значително оштетување на мозокот.

Научниците потенцираат дека пореметувањето на вештините за снаоѓање во просторот е еден од првите знаци за појавување на болеста.

Во текот на истражувањето се покажало дека поголем е ризикот кај оние луѓе кои немале добри резултати на тестирањата за способност да се визуелизира својата положба во просторот.

Испитаниците биле на возраст од 41 до 59 години.

Се покажало дека кај нив, делот од мозокот задолжен за ориентација (хипокампус) е помал.

Во истражувањето бил користен т.н тест со четири планини, кога на испитаникот му се покјажува слика со планина што тој треба да ја идентификува во селекција од четири други пејзажи.

Научниците утврдиле дека со здрав начин на живот може да се спречи развојот на оваа болест, вклучувајќи прошетка од 30 минути активно одење четири пати неделно.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail