calendar-e1549194614125-1.jpg

Ако барањето нова работа е дел од вашиот план за 2019 година, во продолжените следуваат совети од експерти како тајмингот за аплицирање за работа може да ви даде одредена предност.

Првото тримесечје од календарската година, односно почетокот на јануари, па дури и крајот на тримесечјето е одлично време за барање работа. На почетокот на новата календарска година, кога го одредуваат новиот буџет, компаниите често бараат нови вработени. Меѓутоа, мора да имате на ум дека првото тримесечје паќа во различен период за сите компании. Ако компанијата работи во финансиска година која не е усогласена со календарската година, може да бараат вработени веднаш по почеотокот на нивната нова година. На пример, тоа тримесечје во Apple завршува во септември. Значи, ако таргет ви е некоја конкретна компанија, нивната фискална година треба да ви служи како ориентир кога да аплицирате за работа.

Различни индустрии имаат периоди во кои се бараат најмногу работници. Податоците на ZipRecruiter, платформата за барање работиа, покажуваат во кој период која индустрија бара најмногу работна сила.

Април: градежништво
Мај/јуни: уметност
Јуни: услуги на производство, финансии и осигурвање, недвижности и услуги за лична нега
Август: образование
Октомври: малопродажба
Ноември: превоз и зкладиштење

Во овие периоди има многу објавени огласи за работа, а тоа вообичаено се случува еден месец пред да се вработуваат нови луѓе.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail