КОЈ САКА ДА ГО ПРОШЕТА СВЕТОТ ?

Студенти.мк & Кика Авеиро ( видео за македонскиот „ КОЛУМБО “ – откривач на „нови светови“)

„Дали само богатите патуваат ? Не. Секој млад човек може да патува доколку сака и е спремен да излезе од својата конфортна зона. Најсовршено е да работите и да патувате„

– Изјави Борко Наумовски

Во рамките на идејата да промовираме позитивни примери кои во основа треба да ја мотивираат младата популација од Македонија за поголема прогресивност , СТУДЕНТИ.МК одлучи да Ви ја приближи идејата за ПАТУВАЊЕ И РАБОТА НИЗ СВЕТОТ т.е светските мориња и океани.
Оваа можност реално ја имаат искористено доста млади од Македонија, но не и сите кои што можат или би требало да ја искористат.

Деновиве доста се зборува за Борко – нашиот Македонец , светски патник.

По објавувањето на неговата прва емисија на ТВ Телма пред една недела – а посебно по објавувањето на втората емисија изминатава сабота , Борко стана толку актуелен за „озборување“ што го побуди дури и нашиот интерес да го поканиме и да снимиме видео прилог со него.

Идејата на Борко да ги доближи сите светски убавини преку видео прилози до нас во Македонија е за поздравување. Посебно за поздравување е неговата храброст да ни го донесе на ТВ екраните она што ретко кој успеал да го сними .

Борко е нашиот „ откривач на нови светови “ –
Еве како Борко се одлучил да го промени својот живот и за неполни 2 години да го пропатува светот и да посети повеќе од 50 држави( со работа на Cruises бродови):

„ Насмевнете се , охрабрете се и верувајте дека вратите ќе Ви се отворат и Вие ќе можете да го освоите светот како мене “

– ни изјави Борко ….

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top