Која апликација најлошо влијае на менталното здравје?

img-336256.jpg

Менталното здравје и социјалните мрежи имаат комплициран однос. Аргументите дали нашата поврзаност со овие онлајн платформи делува позитивно или негативно на нас се менува секоја недела.

Социјалните мрежи нудат прилика да ја промениме нашата реалност, односно да се претставиме онакви какви што не сме навистина, но исто така може да придонесат да се чувствуваме лошо кога ги гледаме туѓите „совршени“ животи.

Британски истражувачи спроведоа испитување насловено Status of Mind во кое учествуваа речиси 1.500 испитаници на возраст од 14 до 23 години. Тие одговараа на прашања за тоа како Instagram, Snapchat, Twitter, Facebook и YouTube влијаат врз нивното ментално здравје.

Резултатите од истражувањето Instagram е најштетен, особено за младите жени. Оваа популарна апликација била издвоена токму поради опциите буквално да ги филтрира сите несовршености, што кај корисниците предизвикува вознемиреност, депресија, осаменост и чувство на неисполнетост.

Единствена платформа што добила позитивна оцена е YouTube.

Меѓутоа, истражувачите истакнуваат дека луѓето генерално се чувствуваат сѐ полошо поради честата употреба на социјалните мрежи.

Исто така истакнуваат дека користењето социјални мрежи повеќе од два часа дневно ја зголемува веројатноста да се појават некакви психички проблеми.

Истражувачите предлагаат, со цел да не се чувствуваат лошо корисниците, модните брендови и другите организации доброволно да ставаат ознаки на фотографиите дека се дигитално преработувани или ретуширани.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail