Која е најдобрата работа во Македонија – заработка до 3000 е !?

paricki.jpg

За работа не се чека ни ден после дипломирање, а заработката е огромна! Дали погодувате за која работа станува збор?

Просечната плата изнесува од 30.000 до 75.000 денари, додека поискусните можат да заработат и до 3.000 евра. Имате можност за вработување без чекање, многу бонуси и простор за креативност… Сигурно ви звучи примамливо, а тоа е и најплатената работа во Македонија! Станува збор за работата како ПРОГРАМЕР!

Иако во програмирањето доминираат мажи, веруваме дека за неколку години ситуацијата ќе се промени. Со оглед на фактот дека технологијата и работата на интернет се секојдневие и на мажите и на жените, не гледаме пречка зошто девојките не би можеле да се справат со алгоритми и кодови.

Никола (29) е програмер од Скопје. Со оваа работа се занимава уште како тинејџер, всушност откако го добил својот прв Comodore 128 компјутер, со помош на кој се запознал со програмските јазици. Денес тој има сопствен webсајт.

„Јас всушност никогаш не сум барал работа. Струката за која се определив дава толку многу можности, а јас се определив да бидам сам свој газда. Мојата заработка варира од месец до месец, но со неа можам пристојно да живеам, да платам за стан, сметки, секојдневни трошоци, одмор и слично.“

IT секторот е дефинитивно работа на 21 век, бидејќи е од глобален карактер, непрестано се развива, а луѓето се се поопседнати со технологија и интернет.

Најлесни програми за учење се PHP, бидејќи користењето е детално објаснето на интернет и JAVA кој е воедно и најкористен програмски јазик. Програмскиот јазик С++ не се користи често, но не е претерано комплициран.

Најплатени се токму овие три програмски јазици: PHP, JAVA и С++.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail