33318be57698d2037e41301ec8905a6e1999bf3e.jpg

При запишување на факултет во Хрватска студентите секогаш си го поставуваат прашањето што да одберат. Покрај бројни студиски програми на државните факултети, на младите им се нудат и приватни факултети.

Кои се разликите меѓу приватните и државните факултети? Кои се предности, а кои недостатоци?

Една студентка на економија и менаџмент на еден приватен факултет вели дека и таа на почетокот била скептичина околу тоа дали вреди студирање со плаќање.

„Главна разлика е во начинот на предавања. Предавањата се основани на интерактивни разговори меѓу студентите и професорите што влијае на комуникациските вештини кај еден поединец. Нашите предавања се засновани на задачи“ вели Филипа.

Уште една предност до стударањето на приватни факултети е запознавањето на различни култури и обичаи, учење од странски предавачи и соработка со студенти од целиот свет.

Марија е студентка на економија на државен факултет и вели дека не размислувала да се запише на приватен.

„Мислам дека се уште има многу предрасуди за студирањето на приватните факулети. Надвор тоа е нормално, кај нас е “ќе платиш – ќе поминеш“. Да бидам искрена и сама мислам дека е полесно да платиш и да завршиш на приватен факултет, отколку на државен“ вели Марија.

Марија вели дека предност на државниот факултет е што има голем број на студенти и може да се зголемат познантствата.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail