Која е улогата на солзите во нашиот живот!?

koja-e-ulogata-na-solzite-vo-nashiot-zhivot-01.jpg

Сечиј живот започнува со солзи. Од првиот, па сè до последниот ден во животот солзите едноставно се дел од нашето секојдневие и мора да ги имаме.

Дури и кога не плачеме поради некаква причина, очите постојано и секојдневно произведуваат по пет до десет солзи.

Солзите се составени од вода, масло и слуз. Во водата има електролити, глукоза, протеини и други супстанци. Сепак, составот е променлив во зависност од физичката или здравствената состојба на човекот.

Главно солзите се создаваат од жлездите лоцирани над надворешниот агол на окото. Трепкањето го помага нивното ширење по целата површина на окото за да не биде суво.

Ако не плачеме, солзите не се слеваат надвор од очите.

Тие се дренираат преку мали каналчиња и одат до носната празнина, од каде што потоа стануваат дел од носната течност или се слеваат во грлото.

Окото мора да има солзна течност, затоа што таа има заштитна улога.

Слично како што крвта го снабдува организмот со кислород, други нутритиенти и има прочистувачка улога, солзите имаат антитела, ензими и други компоненти за заштита на очите од микроорганизми.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail