Која храна е пред изумирање?

hrana.jpg

Времето се менува, а секој тип на храна си бара одредени услови за непречено да расте па, така, ќе мора пополека да се збогуваме со некои од омилените вкусови.

Потребна е вода од три просечни туширања за да израснат две просечни авокада, а како што доаѓа сушата тешко дека ќе правиме намази од авокадо во иднина.
Производството на леблебија е намалено за 40-50% поради сушите, но пред да кажете „Кој ти јаде леблебија?“ подгответе се да му кажете чао и на хумусот,  ќофтињата фалафел и соката во Ница.
70 отсто од кафето во светот ќе го снема до 2080 година. За најпознатото зрно кафе Арабика е потребна температура помеѓу 17. и 21. степен сѐ под или над оваа температура ќе го оштети вкусот на кафето.
Зголемениот риболов со мрежи и кафези го забрзува процесот на истребување на рибите. Научниците прогнозираат дека рибата ќе ја снема од трпезите до 2048 година.
Љубителите на пиво ќе мора да грицкаат нешто друго по 2030 година. Глобалното затоплување ќе ве лиши и од кикирики, а доколку не ги снема целосно ќе станат многу скап луксуз.
Во 2016 година се изедени 70.000 тони какао повеќе од што е произведено. Цел свет јаде чоколадо побрзо од времето потребно тоа да се призведе. Научниците предвидуваат 2 милиони тони потрошувачка на какао до 2030 година, но Западна Африка која произведува 70% од какаото во светот се соочува со тешка суша и опасна габична болест која уништува цели реколти какао.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail