Колку авиони има на небото во моментов

avioni.jpg

Следењето на летот на секој еден авион во светот не е лесна задача. Тоа се вкупно 23.600 линии, посочуваат анализите на компанијата Асенд.

Според податоците на авиациската интернет страница airliners.net пак, моментно во светот има околу 39.000 авиони во погон, а светскиот рекорд изнесува 150.000. Таа бројка ги вклучува и патничките и товарните летала.

Официјално, минатата година лидер по вкупниот број авиони беше „Aмерикан Ерлајнс“ – 1789 летала. Во топ 5 има само американски авиопревозници, а ирската „Рајанер“ е на десеттото место со 363 авиони.

– Ако говориме за врвот на сообраќајниот метеж во целата година, тоа е петок попладне помеѓу 14 и 16 часот, во јули и август. Тогаш во воздухот има малку повеќе од 16.000 авиони. Во истиот период во јануари или февруари во воздух има околу 13.000 авиони, изјави Ијан Петченик, претставник на компанијата.

Важна е бројката на авиони исчезнати без никаква трага помеѓу 1948 и 2014 година – вкупно 85, според Асоцијацијата за безбедно воздухопловство. Од нив, 26 биле патнички. Дури 59 паднале в море, а 26 исчезнале над земјата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail