Колку е богат креаторот на биткоинот?

bitkoin.jpg

Креаторот на биткоинот е мистерија, која останува непрепознатлива до ден-денес.

Човекот (или група луѓе) кој го создал „блокчејнот“ и биткоинот е познат како Сатоши Накамото.

Неодамна, криптовалутата за прв пат во својата историја достигна цена од 6.000 долари, настан кој го означи неверојатниот и неочекуваниот пораст на криптовалутите воопшто.

Дали ова му донесе пари на мистериозниот Сатоши Накамото?

Излегува дека да.

Скоро пред една деценија, кога „блокчејн“ технологијата првпат се појави, Накамото почна да „копа“/добива биткоини преку сопствената креација – да види дали работи или поради некоја друга причина.

Во тоа време, биткоините ги чинеа купувачите неколку центи и никој не можеше да погоди што ќе се случи прво во 2013-та година, а потоа во тековната 2017-та година.

Се верува дека Накамото „ископал“ околу 980.000 биткоини пред да застане да го експлоатира сопствениот пронајдок, пишува „qz.com“.

Значи, ако ја користиме цената од 6.000 американски долари, станува јасно дека мистериозниот Сатоши Накамото има богатство од скоро 5,9 милијарди долари. Ова го става меѓу 250-те најбогати луѓе на планетата.

Но, дали се трошат овие пари?

Одговорот е не. Откопаните биткоини на Накамото остануваат неискористени до ден-денес.

Ако ништо друго, ова дополнително ја зајакнува мистеријата за невидливиот творец на „блокчејн“ феноменот и неговото гориво – виртуелните валути.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top