Колку има вистинска наука во научните списанија

naucnik.jpg

Група истражувачи испратила лажна биографија на адресата на 360 научни списанија во име на измислен полски доктор чие име доколку би се преведело од полски јазик би значело Доктор Превара. Дури 48 списанија со големо задоволство го именувале докторот во својот уредувачката редакција.

Оваа операција преставува права слика за тоа каква е уредувачката политика во медиумите, при што даваат конкретни докази за проблемите кои се присутни во научниот свет. Постојат списанија кои се би направиле за пари, при што не ни проверуваат дали истражувањата за кои пишуваат се воопшто точни и прецизни. Сето тоа може да придонесе некои начни трудови кои се доста одржани и научно аргументирани да не бидат објавени во доста релевантни научни списанија, и на нивно место да бидат објавени трудови и истражувања кои не поминале никаква стручна проверка.

Катерина Писански од Универзитетот во Сасекс, која биле една од учесниците на ова научна превара, вели дека авторите дошле на идеја за ова истражување откако почнале постојано да им стигнуваат мејлови од редакции на списанија со барање да им ги испраќаат нивните научни трудови.

Ние припадниците на академската заедница мораме да направиме се да ги обесхрабриме сите оние кои благодарение на списанијата со лош квалитет не до придонесуваат во промовирање на најдобрата стручна пракса и делуваат во областа на науката само  за да заработат пари, вели Писански.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail