Колку ќе чини Samsung Galaxy S8?

193954rsz_screenshot-2017-02-09-at-202105-1200x805.jpg

окрај сите информации што секојдневно се појавуваат за iPhone 8 и Galaxy S8, пред некој ден беше откриена и цената на новиот Apple смартфон која ќе биде околу 1000 долари. Според нвоите гласини, слична цена може да очекуваме и за новиот Samsung уред..

 

На почетокот се зборуваше дека новиот Samsung смартфон ќе започне да се продава од околу 850 долари, но стануваше збор за неофицијална информација. Сега, претпоставките се дека Galaxy S8 ќе чини околу 950 долари, а S8 Plus 1050 долари.

Инаку, двете верзии од Galaxy S8 доаѓаат со 5.8 инчен дисплеј и со 6.2 инчен дисплеј. Двата уреди ќе имаат флексибилни екрани исто како Galaxy S7 edge и S6 edge. 5.8 инчниот уред ќе содржи батерија од 3000mAh, а 6.2 инчниот модел батерија со 3500mAh. Уредите треба да работат на Snapdragon 835 со 4GB RAM и 64GB меморија.

OLED екраните, двете камери од задната страна, безжичното полнење и останатите карактеристики кои се очекуваат на смартфоните се најверојатно виновни за повисоките цени.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail