Колку мегапиксели е доволно? Galaxy S11 ќе поседува камера од 108MP и 5Х оптички зум

yOANL-samsung-galaxy-s11-1-e1569589642303.jpg

Неодамна беше претставен Note 10, но очигледно никогаш не е прерано да почне да се зборува за новиот флегшип на Samsung.

Според извештајот на порталот TheLec, извори од индустријата наведуваат дека Samsung Galaxy S11 ќе поседува камера со 5Х оптички зум.

Модулот е сигурно оној кој Samsung започна масовно да го произведува уште во мај и кој користи т.н. “перископ” дизајн со кој се зголемува просторот за оптички зум додека, истовремено, телефонот не станува “подебел” поради тоа.

За разлика од дигиталното зумирање, отпичкиот зум нуди многу поголем квалитет. Меѓутоа, за оптичкото зумирање се потребни повеќе елементи, што може да биде проблематично за вградување во сè потенките телефони. Оттаму и “перископ” дизајнот.

Иако ова би било првпат еден флегшип телефон на Samsung да користи ваква камера, претходно во своите телефони тоа веќе го претставија кинеските брендови како OPPO и Huawei.

Извештајот исто така напоменува и дека Galaxy S11 ќе пристигне со сличен систем на камера како што има Note 10+, вклучувајќи главна камера, ултра широка камера, телефото камера и ToF (time-of-flight) сензор.

Дополнително, се наведува дека главната камера на овој телефон ќе поседува дури 108 мегапиксели.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail