Колку почесто поминувате време со својата мајка, толку подолго ќе живеее!

kolku_pocesto_pominuvate_vreme_so_svojata_majka.jpg

Кога последен пат се видовте со вашата мајка? Едно истражување вели дека треба да и се јавите што поскоро.

Истражувањето заклучило дека осаменоста е значаен фактор при опаѓањето на квалитетот на живот кај постари луѓе, вклучувајќи го и ризикот од депресија, когнитивни пречки и проблеми со здравјето, а може да води и кон прерана смрт.

Едно друго истражување вели дека општествените и друштвени врски се подеднакво важни за долговечноста како и здравата исхрана и вежбањето.

Џулијан Холт-Лунстад, која го водела истражувањето, вели: „Нашите општествени врски се важни не само за квалитетот на нашиот живот, туку и за долговечноста. Низ историјата, ние сме се потпирале на другите за преживување, односно за заштита и храна, па и покрај модерните изуми кои помагаат многу при одредени аспекти на преживувањето за да можеме да живееме понезависно, сепак изгледа дека нашите врски се исто така важни за преживувањето.“

Поминувањето време со вашите родители е добро и за вас. Мудроста која се пренесува од генерација на генерација е бесценета, а и никој не ве разбира како мама и тато.

Уште еден плус е тоа што бабите и дедовците можат многу да помогнат кога станува збор за грижата за децата, а и истражувањата покажуваат дека бабите и дедовците кои поминуваат повеќе време со внуците имаат помали шанси да развијат деменција и Алцхајмерова болест. Плус внучињата секогаш сакаат да поминуваат време со баба и дедо!

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail